Русите отворија предупредувачки оган кон британски разурнувач во Црно море
Руската Црноморска флота, заедно со Пограничната служба на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска испукаа предупредувачки истрели во обид да спречат британски брод-разурнувач да ја наруши руската државна граница.
Претходно, британскиот разурнувач добил предупредување дека ќе биде употребено оружје врз него доколку ги наруши границите на Руската Федерација, меѓутоа, воениот брод не одговори на предупредувањето, наведе руското Министерство за одбрана.
„Разурнувачот УРО ’Бранител’ на британската морнарица ја мина државната граница на Руската Федерација на 23 јуни во 11:52 часот, движејќи се по северозападниот дел на Црното Море и влезе во територијалното море во областа на Кејп Фиолент“, се наведува во соопштението на руското МО.
Министерството дополнува дека потоа граничен брод на руската флота испука два предупредувачки истрела, во 12.06 и 12.08, по што, во 12.19 часот, авион Су-24М извршил предупредувачко бомбардирање во правецот на движење на британскиот разурнувач, пренесуваат руските медиуми
Британскиот разурнувач во 12.23 часот ги напуштил руските територијални води, заклучува руското МО.
Ново на Сител
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно
-
Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес