Живот
30. January 2018 - 15:25

Русинка родила бебе тешко 5.9 килограми и тоа сама дома без анестезија!

 

A post shared by Rodnoy Dagestan (@rodnoy.dagestan) on

Русинка (42), која веќе има четири деца, родила девојче, тешко 5.900 килограми, а мајка самата се породила дома, без никаква анестезија, пишува mirror.co.uk.

 
Лекарите соопштиле преку медиумите дека мајката и бебето се чувствуваат добро. Од болницата каде што е примена жената на преглед изјави дека станува збор за патологија и дека бебето има премногу килограми.
 
Тој додал дека бебенцето има проблем со слухот, а предупреди дека до другите здравствени проблеми може да дојде во иднина.
 
Просечната тежина на европските бебиња е нешто малку поголема од 3 килограми.
 
Според Гинисовата книга на рекордите, најтешкото бебе што е родено е од Италија, кое има речиси 10 килограми. Родено е во градот Аверс во септември 1955 година.