Русија им откажа визи на двајца американски сенатори
Двајца американски сенатори синоќа не добија руски визи како дел од конгресна делегација што наскоро ќе отпатува во посета на Москва во која се вклучени демократи и републиканци, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Се работи за републиканскиот сенатор од Висконсин, Рон Џонсон и сенаторот Крис Марфи, демократ од Конектикат, членови на сенатската Комисија за надворешни работи. Двајцата во своите настапи досега искажуваа критики кон власта во Москва.
Таквиот потег следува еден ден откако викендов на самитот на Г-7 во Бијариц, Франција, се создаде недоразбирање околу тоа дали Русија треба да биде примена назад во групата најразвиени демократии. Земјата беше дел од групата до 2014 година во која сега членуваат САД, Канада, Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Јапонија.
Како одговорна за окупацијата и присоединувањето на Крим, и воениот конфликт во источна Украина, Русија беше отстранета од групата што дотогаш се нарекуваше Г-8.
-Со укинувањето на досегашните договори за ограничување на вооружувањето, и со зголемената опозиција на авторитарното владеење на Владимир Путин во својата земја, кревките односи помеѓу двете држави се наоѓаат во ризична фаза. Голема штета е што Русија е незаинтересирана за дијалог, изјави Марфи по повод отказот да патува за Русија.
Група на демократски сенатори испратија писмо до претседателот Доналд Трамп синоќа изразувајќи несогласување Русија повторно да биде прифатена во Г-7, повикувајќи се на окупацијата на Крим.
Руската амбасада во Вашингон во изјава укажа дека Џонсон „не аплицирал за виза во нашата амбасада и не информираше за своите планови“.
Руските власти повеќе пати досега одбиваа визи за конгресмени од САД, посебно оние кои се критични во однос на власта на Путин и заговараат санкции против Русија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација