Русија ги засили воздушните напади во сириската провинција Идлиб
Руската авијација ги интензивира нападите врз градовите контролирани од бунтовници во сириската провинција Идлиб, откако во саботата беше урнат нејзин авион, а пилотот беше убиен.
Извори од цивилната одбрана изјавија дека биле нападнати градовите Кафр Набл, Маасран, Саракеб, Маарат ан Нуман и Идлиб. Се соопштува за неколку загинати и ранети.
Според очевидци, во Мааран ан Нуман била нападната болницата, а при нападот во Кафр Набл е нападната зграда и се претпоставува дека загинале најмалку петмина цивили.
Во градот Илиб, пак, е погодена петкатна зграда каде најверојатно загинале 15 лица.
При воздушните напади во саботата по уривањето на рускиот воен авион беа убиени најмалку 10 лица во Хан ал Субул. Седуммина, пак, се загинати при нападот во Маасран.
Ново на Сител
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во кривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати
-
Зголемена потрошувачка на вода во Струмица, 195 литри се трошат во секунда