Фудбал
2. August 2018 - 15:49

Румениге: Роналдо? Баерн не би платил толку пари за играч на 33 години

Претседателот на Одборот на директори на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге повторно покажа дека баварците се категорични во ставот да не издвојуваат големи трансфер суми за фудбалери. Легендата на германскиот фудбал го прокоментира трансферот на Кристијано Роналдо, поради кој Јувентус му плати на Реал Мадрид над 100 милиони евра. 
 
- Кристијано? Баерн не би платил толку пари за играч на 33 години. Тој е фудбалер кој постигна се со Реал Мадрид во последниве години. Пет години беше најдобриот во светот. Маркетингот, исто така, одигра важна улога во овој трансфер, изјави Румениге во интервју за минхенскиот весник „TЗ“.
 
Тој додаде дека бил изненаден дека шефот на Јувентус, Андреа Ањели решил да влезе во оваа операција со ЦР7, но и дека италијанскиот фудбал ќе добие многу од овој трансфер. 
 
- Италија доби големо одобрение. Од гледна точка на Јувентус договорот има смисла. Италијанскиот фудбал во последно време изгуби многу. Со овој голем трансфер, Италијанците очекуваат повторно да го привлечат вниманието на светскиот фудбал, додаде Руменгеге.