Румен Радев: Од големо значење е овие избори да донесат стабилно и одговорно владејачко мнозинство
На 2 октомври ќе одржиме вонредни парламентарни избори и тоа е главната задача пред преодната влада – нивно организирање и спроведување.
Тоа го изјави денеска бугарсклиот претседател Румен Радев на средбата со претставниците на институциите надлежни за подготовка и спроведување на гласањето.
„За сите нас е од големо значење овие избори да донесат стабилно и одговорно владејачко мнозинство кое ќе се зафати со итни реформи и ќе носи стратешки одлуки за нашата земја. Исто така, важно е ова мнозинство да ужива висок легитимитет што произлегува од високиот одѕив на гласачите“, нагласи Радев.
Според него, високата излезност бара висока посветеност на партиите и кандидатите за пратеници со јасни програми и пораки за привлекување гласачи, но и одговорна работа на изборната администрација и државата, што ќе даде доверба во транспарентноста, чесноста и пристапност на изборниот процес.
Ново на Сител
-
Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона