Фудбал
28. May 2020 - 15:40

Роналдо може да го напушти Јувентус на крајот на сезоната

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, може да го напушти тимот на крајот на сезоната.Ова го објави на Твитер новинарот Пјетро Балзано Прота.

Причините за можнотозаминување на 35-годишниот Португалец не се познати.

Оваа сезона Роналдо одигра 32 натпревари, во кои постигна 25 голови и направи 9 асистенции. Тој се пресели од Реал Мадрид во Јувентус во 2018 година.

Transfermarkt ја проценува вредноста на играчот на 60 милиони евра.