Живот
4. December 2017 - 14:56

Романтичниот месец станал кобен - Татјана (19) пронајдена мртва во автомобил

19-годишната Татјана всушност планирала да заработи пари во Турција, а тогаш го запознала бизнисменот Ибрахим Ј. Следеле месеци исполнети со романтика, се додека парот не отпатувал на планина на излет.
 
Татјана Т. била убава девојка, која пред себе имала цел живот. Кон крајот на ноември, 19-годишната девојка од Санкт Петербург умрела под неразјаснети околности - далеку од својот дом, во Турција. Нејзиното безживотно тело било пронајдено во автомобилот на нејзиниот турски љубовник, бизнисменот Ибрахим Ј. 
 
Претходно биле на пократок излет во турските планини, известува рускиот весник "Комсомолска правда", повикувајќи се на исказите на нејзините родители. Ибрахим Ј. тврди дека на Татјана и се слошило по нивното враќање во Истанбул, и дека умрела во несреќен случај, но нејзините родители не му веруваат, бидејќи телото и било прекриено со модринки.
 
Тие укажуваат и на сомнителното однесување на семејството на Ибрахим, кое наводно им понудило голем паричен надомест за да не истражуваат како умрела нивната ќерка. Родителите, меѓутоа, побарале истрага и уверени се дека нивната ќерка е убиена.
А се започнало како во бајка. Во јуни минатата година, Татјана по обуката за медицинска сестра отпатувала во Турција за да работи. Еден месец подоцна го запознала 28-годишниот Ибрахим Ј., кој и подарувал скапи подароци, цвеќиња, ја водел во ресторани...
 
Како што Татјана им кажала на родителите, единственото нешто што ја уништувало оваа врска, биле родителите на Ибрахим, кои биле против врската. Се претпоставува дека проблем била верата.
 
Турската полиција отворила истрага. Рускиот Генерален конзулат во Истанбул ја потврдил смртта на девојката.
 
"Причината за смртта нема да ја коментираме се додека не добиеме комплетни резултати од истрагата на турските органи", рекол портпаролот на полицијата, а пренесува новинската агенција RIA.