Романскиот премиер обвинет дека плагирал третина од својот докторат
– Романскиот премиер, Николае Чука, кој на оваа позиција е помалку од два месеци, е обвинет дека направил плагијат на речиси една третина од својата докторска дисертација, јави порталот Политико.
Најмалку 42 од 138 страници во документот се плагијат, се наведува во истрагата на романската новинарка Емилија Серџан, која презентирала докази во кои го обвинува премиерот дека не само што го плагирал текстот на други автори „од збор до збор“, туку и дека користел различни техники да го сокрие плагијатот.
Чука, поранешен припадник на армијата, ги отфрли обвинувањата за плагијат и кажа дека неговиот докторат бил напишан во согласност со сите законски барања во времето кога бил напишан.
„Овие јавни обвинувања не можат да бидат научно поткрепени на било кој начин“, се наведува во соопштението објавено на неговиот Фејсбук профил.
И покрај тоа што Чука изјави дека не направил ништо лошо, моќниот опозициски политичар Дачијан Колос, од синдикатот „Да ја зачуваме Романија“, повика на итно разјаснување на ситуацијата и отворање истрага, додавајќи дека доколку наводите се точни, премиерот мора да поднесе оставка.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар