Свет
9. јуни 2016 - 11:00

Романскиот парламент одобри промена на државниот грб

Романскиот парламент денеска го одобри Предлог-законот за промена на државниот грб на Романија, јави Аџерпрес. 

Предлог-законот предвидува враќање на круната на главата на орелот, кој се наоѓа на грбот на Романија. 

Романските власти се обврзаа до 31 декември 2018 година да го заменат сегашниот грб на знамињата и печатите, со формата која ја предвидува новоусвоениот закон.