-->
-->
Романија очекува да биде одобрена идејата за формирање на флота на НАТО во Црно Море
-->
Романија се надева дека на самитот на НАТО во Варшава во јули ќе биде одобрена идејата за формирање на флота на Алијансата во Црно Море, во чиј состав ќе има украински и грузиски воени бродови, изјави денеска романскиот министер за одбрана Михња Јоан Моток.
Тој додаде дека е планирана и платформа за воени поморски вежби, кои предвидуваат постојана ротација.
- Таквата формула ќе биде отворена и за сојузниците, кои не се црноморски земји, но постојано учествуваат во воени вежби во Црно Море или се закотвуваат во пристаништата, првенствено САД. посочи Моток.
Тој наведе дека за иницијативата не разговарал со Русија.
- Имаме ограничени политички и воени контакти со Русија, но таквите иницијативи не се насочени кон никого, потенцира Моток.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар