Свет
14. October 2018 - 11:17

Рохани: САД сака да го промени режимот во Иран

САД сакаат да го променат режимот во Иран, при што користат психолошки и економски систем на дејствување за да ја примораат земјата на тоа, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани во телевизиско обраќање.

- Намалувањето на легитимноста на системот е нивна крајна цел. Кога велат ослободете се од тоа, режимот се менува со свои зборови, како се случува промената на режимот? Со намалувањето на легитимноста, рече Рохани.

Тензиите меѓу Иран и САД се интензивираа откако американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од мултилатералниот договор за нуклеарната програма на Иран во мај и повторно ги воведе санкциите кон Иран.

САД најавија воведување дополнителни санкции за иранскиот нафтен сектор во ноември.