Џет-Сет
15. January 2018 - 9:51

Родман уапсен поради „насилно возење“ под дејство на алкохол

Поранешниот американски НБА кошаркар Денис Родман беше уапсен во Јужна Каролина, под сомнеж дека возел под дејство на алкохол, соопшти локалната полиција.

Тој бил уапсен во саботата вечерта поради, како што наведе полицијата, „насилно возење".

Портпаролот на полицијата во Њупорт изјави дека алкотестот на Родман покажал дека има 0,8 промили над дозволеното ниво на алкохол.

Родман бил ослободен вчера утрото, откако ноќта ја минал во притвор.