Родителите на учениците денеска излегуваат на протести против Законот за учебници
Родителите од Иницијативата „Учебници и настава мора има“ денеска излегуваат на протести. Главниот протестен марш е закажан во Скопје и ќе почне точно на пладне пред Министерството за образование и наука. Во другите градови, според информациите од Иницијативата, родителите ќе се собираат пред општинските згради.
Протестите доаѓаат откако МОН не им излезе во пресрет на барањата кои ги доставија. Претходно учениците по барање на родителите ја бојкотираа наставата во знак на револт против предлог Законот за учебници. Бојкотот е прекинат бидејќи сме на крајот од оваа учебна година, па родителите сметаат дека децата не треба да губат од знаењето.
Освен предлог Законот за учебници, во барањата на Иницијатијавата „Учебници настава мора да има“ имаше точки и за најавеното интегрирање повеќе предмети во еден, но и другите реформи кои се планираат за од септември.
Според предлог-Законот за учебници, дигиталната верзија на учебниците ќе станат примарни материјали за учениците. Хартиени учебници ќе мора родителите сами да ги принтаат. За оние семејства кои нема да можат да си го дозволат тоа, принтањето ќе го прават училиштата.
Од МОН велат дека тоа сепак не значи оти во училница интензивно ќе се користат техничките уреди, туку тоа ќе се прави само за одредени теми и предмети каде ќе биде неопходно.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација