Живот
3. March 2016 - 13:16

Родила тројка, но го направила најужасното нешто поради што ќе се кае целиот живот!

32-годишната Жанета Бенте без никаво известување ги оставила своите три новородени бебиња во болницата во Романија. Оваа тројка стана ударна вест кога службениците објавија дека им е потребен потпис од мајката за да ги дадат бебињата на посвојување. Скршена од својата одлука, Жанета се вратила во болницата. Жанете веќе имала три деца и нема пари за а ги одгледува бидејќи е сиромашна и живее во трошна куќа.
 
- Се надевам дека луѓето ќе разберат дека немам никакви услови за да се грижам за нив, раскажала очајната мајка.  Таа додала дека немала друг избор и морала ова да го направи за доброто на децата
 
- Го сакам најдобро за нив и се надевам дека ќе имаат подобар живот од оној кој јас можев да им го пружам, рекла мајката која ги напушти своите три деца.