Македонија
21. February 2023 - 11:38

Родено првото бебе во 2023 во Пехчево

Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, денес го посети првото новородено бебе во 2023 година во Пехчево, кое е момче и донесе среќа и бериќет во семејството Абдулови од село Црник, Пехчево.

Градоначалникот Китански и претставници од локалната самоуправа, денес официјално и честитаа на мајката Шарбина Абдулова. Среќната мајка ги прими честитките, а градоначалникот лично и ја додели наградата за првороденото дете во општината, пакет производи за бебиња и парична сума во висина од 6.000 денари, за секое првородено дете во општината и 5.000 денари за новородено дете.

Сакам да ви го честитам новороденото бебе, и посакувам на малиот Ајас да биде здрав, жив, весел, радоста да го следи во текот на целиот живот, а успесите и достигнувањата да не го одминат – истакна градоначалникот Александар Китански.

Среќна сум и имам голема чест што ме посети градоначалникот, а донесе и подароци за мојот син. Сепак мојот новороден син ми e најубавиот подарок и на сите им ја посакувам мајчинската среќа – изјави мајката Шарбина.