Бизнис
2. April 2019 - 8:51

РКЕ ќе разгледува правилници за доделување статус на затворен систем за дистрибуција на струја и гас

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска ќе одржи подготвителна седница на која ќе го разгледа Правилникот за условите и критериумите за доделување на статус на затворен систем за дистрибуција на електрична енергија.

На седницата ќе биде разгледан и Правилникот за условите и критериумите за доделување на статус на затворен систем за дистрибуција на природен гас.