Бизнис
19. February 2019 - 8:46

РКЕ ќе разгледа предлог одлуки за издавање привремени лиценци за МХЕЦ

 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна  Македонија денеска ќе одржи подготвителна седница.

На седницата ќе бидат разгледани  Предлог – одлука за издавање привремена лиценца за вршење енергетска дејност производство на електрична енергија од мала хидроцентрала  МХЕЦ “Тополка”, Предлог – Одлука за издавање привремена лиценца за вршење енергетска дејност производство на електрична енергија од мала хидроцентрала  МХЕЦ “Крапска”  и Предлог – одлука за издавање лиценца за вршење енергетска дејност снабдување со електрична енергија, на Друштвото за трговија и услуги ФЛОУ ПАУЕР ДООЕЛ Скопје.