Loading Video...
Фудбал
10. December 2018 - 11:00

Ривер Плата го освои трофејот во „Копа Либертадорес“

Екипата на Ривер Плеата, е победник на „Копа Либертадорес“ или Лигата на шампион на Јужна Америка. 
 
Фудбалерите на Ривер забележаа победа над големиот аргентински ривал Бока Јуниорс со 3:1 во реванш финалниот натпревар. 
 
Откако првиот меч заврши без победник 2:2, а по инцидентот кога во Буенос Аирес навивачи на Ривер го нападнаа автобусот на Бока и повредија неколку играчи, реваншот се играше на на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.
 
Бока преку Бенедето во 44.минута поведе со 1:0.  Во вториот дел, односно 68. минута, Прато го израмни резултатот на 1:1, кој остана крајот на регуларните 90-минути, по што се играа продолженија. 
 
Во нив. Најнапред, Бока остана со играч помалку поради откаоко Бариос во 92.минута, го заработи својот втор жолт картон што значеше и исклучување. 
 
Бројчаната надмоќ на теренот Ривер Плата ја искористи во 109-.минута кога Квинтеро го постигна вториот гол. Во финишот на мечот „сино-жолтите“ фрлија се на една карта да стигнат до израмнување, а тоа го искористи Мартинез кој со погодокот во 120+2.минута ги постави конечните 3:1 за Ривер Плата. 
 
За Ривер Плата ова е вкупно четврти шампионскиот трофеј во „Копа Либертадорес“, а втор во последните четири години. Со тоа бело-црвените се изборија и за настап на Светското клупско првенство кое ќе се одржува во Обединетите Арапски Емирати, а кое ќе стартува утре.