Ристовски:За нови лифтови во студентски домови ќе се инвестираат околу 15 милиони денари
Во сите државни студентски домови во Република Македонија каде има инсталирано и се користат лифтови тие се менуваат. Осум лифтови ќе бидат заменети со нови за што се инвестираат околу 15 милиони денари. Инвестицијата е во рамки на поширокиот Акциски план на Владата и Министерството за образование и наука за унапредување на инфраструктурните услови во студентските сместувачки капацитети.
Ова денеска го истакна заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски кој го посети Студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје каде ќе бидат променети два лифта.
- Ова ќе биде исклучително значајно за сите студенти зошто во минатото се среќававме со проблеми околу функционалноста на лифтовите кои главно беа дотраени. Токму заради тоа како Влада и Министерство донесовме одлука да извршиме комплетна замена на лифтовите во сите студентски домови во Република Македонија, потенцира Ристовски.
Инвестицијата од околу 16 милиони денари ја реализира МОН. Ристовски додаде дека очекува во текот на летото да заврши промената на лифтовите во сите студентски домови.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок