Спорт плус
6. August 2016 - 17:26

Рио 2016: Првото злато за Американката Трашер

Американката Вирџинија Трашер е првата носителка на златен медали на Олимписките игри во Рио. Таа во финалето во дисциплината стрелаштво воздушна пушка 10 метри беше најдобра и со вкупно  208 кругови имаше најдобар резултат.
Сребрениот медал и припадна на Ли Ду од Кина со резултат 207, додека бронзата ја освои нејзината сонароднича Силинг Ји со резултат 185.4 кругови.
Медалите на првата завршена дисциплина ги предаде Претседателот на Интернационалниот Олимписки комитет Томас Бах. 
Македонката Нина Балабан во оваа дисциплина го освои 42.место во конкуренција на 51 натпреварувачка.