Спорт плус
21. August 2016 - 11:52

Рио 2016: Кина го освои златото во женска одбојка

Во финалето на женскиот одбојкарски турнир на Олимписките игри во Рио, репрезентацијата на Кина доцна ноќеска ја совлада Србија со 3:1.
 
Освен во првиот сет кој српските одбојкарки го добија со 25:19, Кинескињите беа подобар противник и другите три сета ги добија со 25:17, 25:22 и 25:23.
 
Претходно во дуелот за бронзениот медал, САД ја совлада Холандија со 3:1.
 
Денеска се играат натпреварите за медали во машка конкуренција. Во финалето се среќаваат домаќинот Бразил и Италија, а за трето место ќе играат САД и Русија.