Кошарка
11. August 2016 - 12:16

Рио 2016: Австралија ги намачи Американците

Најголемите фаворити за златниот медал на кошаркарскиот турнир на Игрите во Рио кошаркарите на САД со многу напор стигнаа до третата победа откако ноќеска ја совладаа Австралија со 98:88. Најефикасен на дуелот беше Кармело Ентони со 31 поен, додека кај Австралија Пети Милс постигна 30.
 
На другите два дуела од групата А одиграни од оваа рунда: Франција – Србија 76:75 и Венецуела – Кина 72:68.
Табела: Сад 6 бодови, Франција 5, Австралија 5, Србија 4, Венецуела 4, Кина 3.
 
На женскиот турнир во Б групата беа одиграни дуелите од 3.коло: Кина – Шпанија 68:89, САД – Србија 110:84 и Сенегал – Канада 58:68.
Табела: САД 6 бодови, Канада 6, Шпанија 5, Кина 4, Србија 3, Сенегал 3.