Loading Video...
Тенис
8. јуни 2018 - 18:29

РГ: Ново финале за Надал

Десетто јубилејно финале за Рафаел Надал на Ролан Гарос каде има 9 освоени титули. 

Шпанецот денеска лесно и убедливо славеше против Хуан Мануел дел Потро со 3-0. 
Клучен момент на мечот беше првиот сет во кој Аргентинецот при резултат 4-4 во гемови не искористи дури 6 брејк топки и потоа неговата игра целосно се распадна. Надал доминираше и вториот и третиот сет ги освои убедливо со 6-1-6-2. 
Негов противник во финалето ќе биде Австриецот Доминик Тим кој исто така во 3 сета го елиминира извонредниот Италијанец Марко Чекинато.