Македонија
28. October 2021 - 13:59

Ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 5.532 дози вакцини, од кои 666 како прва доза, 1.050 се ревакцинирани, а 3.816 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 27 октомври, вкупно се вакцинирани 803.408 граѓани, ревакцинирани се 773.537, а трета доза примиле 24.021 граѓани, соопшти  денеска Министерството за здравство.

Педесет и четири отсто од граѓаните над 40-годишна возраст, како што се посочува во сооптението, се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството.