Македонија
15. October 2016 - 14:21

„Република“: Бодигардот на Заев тепал и малтретирал деца во дискотека, Спасовски го крие

 
Десетина момчиња и девојчиња се нападнати вчера во дискотека во Струмица од обезбедувањето на Заев. Се работи за Александар Трајков, познат како лично обезбедување на лидерот на СДСМ од струмичкото село Градашорци, објави Република.
 
Хаосот и насилството кое го предизвикал овој човек близок на Заев, се случувал околу 4 часот изутрина во дискотеката Платиниум.
 
 
Насилникот прво се доближил до К.Д. од Струмица, додека тој разговарал со пријателите. Според записникот, Александар Трајков го нападнал К.Д. и со тупаница го удрал во лице.
 
Потоа истиот насилник го продолжил своето дивеење за кое има повеќе пријави во полиција и записници. Околу 4,30 Александар Трајков го нападнал С.Н., кого без никаква причина или повод почнал да го удира со тупаници во стомакот.
 
g5Веќе утрово во СДСМ почнале да го задскриваат случајот. И покрај најмалку две пријави за напади и насилство врз сограѓани без повод и причина, напаѓачот Александар Трајков, инаку лично обезбедување на лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица бил недостапен за полицијата.
 
g2Насилството и хаосот кое го предизвикал личното обезбедување на Заев, генералниот секретар на СДСМ, во моментов министер за внатрешни работи не можел да дозволи дивеењето да излезе во јавност, па случајот со Александар Трајков не е наведен во редовниот билтен на МВР испратен до медиумите.
 
 
Ова не е прво дивеење на обезбедувањето на Заев и на СДСМ. За потсетување, неодамна обезбедувањето на СДСМ физички го нападна и малтретираше фоторепортерот на република, за што од СДСМ се обидоа да го негираат случајот.
 
Прашањето кое денеска си го поставува струмичката и цела македонска јавност е како може Трајков, човек кој е лично обезбедување на градоначалникот да е недостапен за полицијата и до кога тоа полицијата на чело со Спасовски ќе ги сокрива своите силеџии и ќе им дозволува непречено и неказнето да дивеат и сеат страв во струмичко.