Бизнис
4. November 2015 - 20:03

Рекорден годишен раст на станбени кредити од 18%, секој четврт е од „Купи куќа – Купи стан“

Рекорден раст на станбените кредити. За една година растот изнесува 18% или 73 милиони евра повеќе од лани. Растот се должи главно на три фактори. Првиот е тоа што каматите за станбените кредити се најниски во историјата. Вториот, проектот на владата “Купи куќа, купи стан“. Банкарската евиденција покажува дека секој четврт станбен кредит е преку државниот прокет. И третиот, поевтинито квадрат.  Имено во последниве години цената на станбениот квадрат е намален за околу 100 евра, или стан од 50 квадрати метри сега е за 5000 евра поевтин.

Податоците на Народна банка покажуваат дека каматите за долгорочните рекдити од почетокот на годината паднале за 6,4 %. Како особена поволност се смета тоа што банките нудат фиксни каматни стапки во првите 5 наместо во првите 3 години како порано.

- Кога каматните стапки паѓаат и се ниски економските субјекти инвестираат во недвижности или во акции и на тој план гледаме придвижување во купување недвижнини од страна на македонските граѓани, бидејќи моментално каматните стапки за станбените кредити се едни од најповолните во поновата историја на Република Македонија – вели Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор на “Шпаркасе банка“.

Влијанието на Купи куќа купи стан исто така е големо. Според податоците на  Министерството за финансии, од септември лани до септемрви годинава одобрени се субвенционирани станбени кредити во вкупен износ од околу 11 милиони денари. Преку проектот државата субвенионира учество или половина рата.

- Проектот “Купи куќа, купи стан“ ги мотивира особено младите граѓани на Република македонија да бидат похрабри во решавањето на своето станбено прашање и веднаш по вработувањето да аплицираат за кредит за купување на стан“, вели Бишев.

Владата преку проектот “Купи куќа, купи стан“ дава субвенции и до 14 илјади евра. Овој бенефит досега го искористија преку 680 семејства.