Живот
13. January 2016 - 9:56

Рекордeн џекпот на американската лотарија, милјарда ипол долари

Главната добивка на американската лотарија „Пауербол“ до вчера порасна на 1,5 милијради долари, што претставѕва досега најголема вредност на еден џекпот на игрите на среќа во историјата.

Добитната комбинација на системот бројки 5+1 не е падната веќе два месеци, од 4 ноември минатата година, иако има по две извлекувања неделно, што предизвика досега незапаметен интерес за уплата на лотаријата во САД.

Џекпотот уште минатата недела достигна рекордна сума од над 950 милиони долари, а сега постигна нов „светски рекорд“  

Веројатноста за погодување на добитната комбинација изнасува 1:292 милиони.

Сепак, и покрај ваквата „минимална“ веројатност за добивка, на проджаните места на лотаријата ширум САД изминативе неколку недели се фомираат долги редици за купување лозови, а се почести се и случаите кога во пограничните региони тикети купуваат и државјани на Канада и Мескико.

Според стандардната методологија на американската лотарија, доколку џекпотот се падне на наредното извлекување, при сегашната негова вредност, среќниот добитник би добил околу 930 милиони долари доколу сака еднократна исплата на целата добитна сума, а доколу ја сака целата вредноста на добивката, може да ја добие на рати во следните 29 години.