Рекорден број болни и изнемоштени ќе гласаат во вториот изборен круг во Кичево
Во вториот круг од Локалните избори 2021 во Општина Кичево ќе гласаат 454 болни и изнемоштени лица, кои побарале да се изјаснат во домашни услови.
-До Општинската изборна комисија за вториот круг локални избори, во Кичево се доставени рекорден број барања на лица болни и изнемоштени кои побарале своето демократско право на глас да го искористат во домашни услови.Така, во првиот круг во нашата општина беа прифатени 330 барања за гласање во домашни услови, додека за вториот изборен круг бројот е зголемен за 134 новопријавени болни и изнемоштени, од 137, колку што поднесоа документи за гласање во домашни услови. Кај три лица од новопријавените документите се отфрлени бидејќи не одговараат на критериумите за домашно гласање.Така во сабота, 30 октомври, избирачките одбори ќе посетат вкупно 464 лица од нашата општина, истакна Теанула Станкоска од ОИК за општина Кичево.
Станкоска дополни дека денеска и утре ги очекуваат пријавите на лица болни од Ковид19, лица во карантин поради позитивен тест и лица со мерка изолација. Во првиот круг во општина Кичево беа пријавени само три лица болни од Ковид, кои како и болните и изнемоштените ќе гласаат во сабота на 30 октомври, кога во нивните домови ќе ги посети комисија составена од здравствени работници. Околу 80 проценти од новопријавените болни и изнемоштени се лица со нега од трето лице.
Ново на Сител
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во кривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати
-
Зголемена потрошувачка на вода во Струмица, 195 литри се трошат во секунда