Реконструкција на тунелот на државниот пат Битола-Прилеп

Специјализирани екипи почнаа реконструкција на тунелот на државниот пат Битола-Прилеп што се наоѓа под месноста „германски гробишта“ кај Битола.
За реализација на овој проект, односно за поставување ново осветлување и сигнализација, извршена е времена измена на режимот на сообраќај каде непосредно од двете страни пред тунелот за сообраќај е затворена левата или т.н. брза сообраќајна лента. Деновиве, до завршување на реконструкцијата, сообраќајот ќе се одвива по десната лента за сообраќај, додека во самиот тунел, сообраќајот се одвива само по левата лента.
За поголема безбедност на учесниците во сообраќајот се користи дополнителна предупредувачка сигнализација.
Тунелот над Битола често е оштетен и без осветлување, и се очекува со актуелната реконструкција да биде инсталирана сигнализација која ќе има поголема заштита од уништување од несовесни граѓани бидејќи е во непосредна близина на населено место
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски
-

Мицкоски доби трет мандат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и вети одговорност
-

ВМРО-ДПМНЕ одржува конгрес во Кавадарци - Мицкоски единствен кандидат за претседател
-

Сестринските партии со порака: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се блиску до граѓаните и затоа победуваат
-

СДСМ: Семејна фирма на Томовски добива милонски тендери од државата, Томовски најавува тужба за клевета
-

Тајмс: Северна Македонија во преговори за прием на азиланти - Владата негира, амбасадата ниту потврдува, ниту демантира
-

„Марш на ангелите“ во Кочани
-

Јавната свест за лицата со попреченост се зголемува
