Македонија
15. November 2019 - 20:01

РЕК Битола ќе добие А интегрирана дозвола

Се очекува до крајот на годината РЕК Битола да ја добие А интегрираната дозвола, изјави денеска директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски. Оперативниот план веќе бил доставен до Министерството за животна средина, се чека последниот чекор.

- Единствено што чекаме е повратен одговор од министерството за животна средина, кога би се организирала јавна расправа што е последен чекор за добивање на дозволата, очекуваме на крајот на оваа календарска година да ја добиеме толку посакуваната А интегрирана дозвола. Процес кој започна во 2010 или 2011 година, но за жал заради некоја неажурност или несакање, се до крајот на оваа година нема да биде реализирано, изјави Златко Ќурчиевски, директор на РЕК Битола.

Ќурчиевски потенцираше дека комбинатот е подготвен за престојата грејна сезона 90%.

- 90% велам затоа што е во тек е капиталниот ремонт на Блок 2, кој треба да заврши на 30 ноември. Веднаш потоа ќе ги вклучиме трите блока со цел да ги задоволиме потребите на државниот електро-енергетски систем, истакна Ќурчиевски.

На депонија има околу 200.000 тони, а очекуваат на почетокот на декември да се зголеми од 250.000 до 300.000 тони за што велат ќе биде доволно за целосно покривање на потребите за зимската сезона.