Регистрирана 15. емисија на обврзници за денационализација
Во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје денеска е регистрирана 15. емисија на обврзници за денационализација во вкупен износ од 12.000.000 евра.
Обврзниците се запишани и во Депозитарот се водат под ISIN ознака MKMINF200DF7.
При регистрацијата, со обврзници за денационализација од Петнаесетатта емисија се стекнаа 759 иматели.
Овие обврзници се хартии од вредност кои гласат на име, во евро валута и се неограничено преносливи. На обврзниците се пресметува камата од 2 отсто на годишно ниво, а номиналната вредност и каматата се отплатуваат во период од 10 години. Исплатата на каматите и номиналните вредности од обврзниците ќе се одвива согласно објавениот Проспект за издавање и тргување на Петнаесетатта емисија на обврзници за денационализација од страна на Министерството за финансии на Република Македонија.
На сопствениците на обврзници од оваа емисија Депозитарот ќе им достави на регистрираната адреса известување за доделениот износ на обврзници.
Ново на Сител
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори