Реформскиот блок доби мандат за формирање нова бугарска Влада
Коалицијата Реформски блок (РБ), што ја сочинуваат пет бугарски конзервативни и центристички партии, денеска од претседателот на Бугарија, Росен Плевнелиев доби мандат да се обиде да формира нова влада на земјата, јави БТА.
Понудата до РБ за формирање нова влада на Бугарија, следи откако претходно двете најголеми партии во земјата - Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на актуелниот премиер Бојко Борисов и опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП) на Корнелија Нинова, ги вратија добиените мандати за создавање владин кабинет.
Мандатар на РБ за формирање на влада е потпретседателот на Сојузот на демократските сили (СДС), Румен Христов.
За разлика од ГЕРБ и БСП, кои веднаш ги вратија мандатите инсистирајќи на предвремени парламентарни избори, Христов најави дека РБ ќе се обиде да формира влада и дека ќе и понуди разговори на партијата на Борисов.
Плевнелиев изрази задоволство што РБ сепак ќе се обиде да обезбеди парламентрано мнозинство во актуелниот состав на Народното собрание.
- Понекогаш и шанса од еден процент, може да стане стопроцентна шанса, па затоа заслужува да се обидеме. Ова особено ако се имаат предвид рекордниот број кризи што се случуваат околу нас, во регионот и во светот, изјави Плевнелиев.
Доколку РБ не успее да формира нова влада, ќе следи распуштање на бугарското Народно собрание и одржување на предвремени парламентарни избори кон крајот на март или почетокот на април идната година.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата