Македонија
15. October 2018 - 16:20

Реформите се неопходни за интеграцијата во европското семејство

Лага е дека никој во ЕУ не ја сака Македонија, порача шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера.

Тој укажува дека  Унијата е важен  донатор во земјава  и затоа  не може да ја разбере негативната предрефендумска кампања  во која Брисел е претставен како некој кој тргува со инетересите на Македонија.

- Овој памфлет што го видов во деновите пред референдумот, претставувајќи ја Европската унија како сака да ја купи Македонија како проститутка, е нешто најодвратно и нечесно што сум го видел во моите 66 години живот. Ова е ѓубре од таква категорија и како што кажав е одвратно, рече Сера.

Амбасадорот смета дека земјата има добра можност  да стане членка на Унијата, но за тоа се потребни реформи.

- Многу од реформите што Европската унија ги бара од Македонија да ги имплементира, се за доброто на македонските граѓани. Целта е да се направи систем базиран на владеење на правото, што ќе го заштитат обичниот граѓанин од злоупотребите од претходните влади, рече Сера.

Македонија пред една недела го започна скрининг процесот во Брисел. Во моментов на маса е поглавјето 023 ,  посветено на правосудството и темелните права, во Брисел , а наредниот месец, ќе се скенираатсостојбите во секторот наа безбедноста, каде  спага и  миграцијата. Македонија досега покажала дека има капацитет за справување со кризи од ваков тип, велат  експертите, но овој проблем се уште е актуелен во регионот.

Мигарциската политика е на врвот на европските пририотети и Унијата бара  јасна стратегија и усогласување на регултивите за враќање на лицата и реадмисија.