Македонија
14. May 2019 - 16:11

Реформите клучни за датум за преговори

Реформите во Македонија не се одвиваат со посакуваното темпо. Недостатокот од храброст за промени, но и следењето на партиските, а не на државните интереси - главна причина за спороста на реформскиот процес, оценија професорите експерти во својата област.

Дискутирајќи на тема дали имаме реформи и зошто не, посочија дека јавната администрација и понатаму е сектор во кој најтешко се спроведуваат промени.

Години наназад Македонија добива Извештај во кој покрај јавниот сектор, како клучна област во која се потребни реформи е и судството. Недостатокот од академски истражувања оневозможува да постои вистинска реформа која ќе придонесе за владеење на правото.

Единствен сектор во кој има задоволителни реформи Е оној кој претпре и најголема криза - безбедносниот.

Панелостите СЕ со очекување дека почнувањето на преговорите на Македонија со Европската Унија ќе ги донесат и вистинските позитивни промени во клучните области.