Реџепи: Апасиев се обидува да го камуфлира антиалбанизмот како анти-ДУИ

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејд синоќа изјави дека доколку Алтернатива одлучи да ја урне Владата заедно со Левица, тој ќе ја напушти партијата.
Во синоќешната емисија „Клик плус“ на ТВ21, пратеникот на Алтернатива во врска со Фејсбук статусот на лидерот на Левица Димитар Апасиев, во кој тој го повикува албанскиот блок да гласа против ДУИ, Реџепи-Зејд вели дека Апасиев се обидува да го камуфлира антиалбанизмот како анти-ДУИ.
-Добро играм шах. Во овој случај, Апасиев го свртил шахот од позади, претендирајќи со тоа што ќе стане анти-ДУИ, ќе се скрие неговиот антиалбанизам. И за него е сосема небитно, тоа што го пишува, досега не истакнал ниту една вредност ниту во Собрание ниту во дебати, се е обоено со националистички, шовинистички и антиалбански елементи, рече Реџепи.
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
