Loading Video...
Фудбал
3. March 2019 - 17:26

Редок јубилеј на Пандев, 400 меча во Серија-А

Историја за својата кариера но и македонскиот и италијанскиот фудбал запиша капитенот на нашата фудбалска репрезентација Горан Пандев кој на денешнито дуел со Фросиноне го одигра јубилејниот 400-ти натпревар во славната Серија –А.

             

            Пандев на мечот Џенова – Фросиноне кој заврши со непопуларниот резултат 0-0 влезе во вториот дел со што овој натпревар вечно ќе го памети бидејќи вкупно 400 пати заигра во најсилната италијанска лига.  Според статистичарите Пандев е во друштво на уште пет играчи кои влегле во овој клуб. Тука се Де Роси, Пелисие, Хандановиќ, Кваљарела и Гоби.

            Најмногу натпревари Пандев одигра за Лацио 159, за Наполи 92и за Џенова 83.

            Инаку Џенова против Фросиноне имаше играч повеќе но не ја искористи предноста. Сепак останува без пораз на вкупно 6 натпревари и е пласирана на 12. Позиција на табелата.

           

НАСТАПИТЕ НА ПАНДЕВ ВО СЕРИЈА А
Анкона - 20 натпревари
Лацио - 159
Интер - 46
Наполи - 92
Џенова - 83