Бизнис
19. September 2019 - 16:36

Ребалансот во Собрание- за власта добар, за опозицијата популистички без вистински мерки

Почна расправата за ребалансот  на буџетот. Опозицијата удри по капиталните проекти- ставка од каде се кратат повеќе од 50 милиони евра за покривање на тековни трошоци.  За пратениците од ВМРО ДПМНЕ со намалувањето  на средствата  за изградба на градинки, училишта, пруги, се докажува неспособноста на институциите  да реазлираат проекти значајни за граѓаните и општетсвото.

Министерката за финансии Ангеловска призна дека е неопходно подобро планирање на капиталните проекти. Но потенцира дека со ребаласнот се  префрлаат пари онаму каде се најпотребни.

Од опозицијата обвинија дека  задолжувањето догодина  ќе порасне за 600 милиони евра.  Ангелосвка па посочи дека поголем дел од долгот  е  наследен  и сега се стабилизиран, а ќе се покрива со задолжување на домашниот  и странските пазари.

Со ребалансот на буџетот  420 милиони евра за капитални проекти се намалуваат на 370 милиони евра. Повеќе пари се издвојуваат за земјоделие,  за колекторскиот систем за заштита на  охридското езеро за функционирање на агенцијата за национлана безбедност за поттикнување на извозот, набавка на лекови за ретки болеси. Дефицитот  проектиран на 288 милиони евра или 2,5 отсто од БДП.