Бизнис
14. October 2018 - 16:09

Ребалансот на буџетот усвоен на владина седница - во случај на предвремени избори истиот нема да важи

Министерот Тевдовски оптимист дека  економија ќе куртули од предвремени парламентарни избори. Државата за да ги запази законските рокови за ребаланс на буџетот, се одлучи  да го направи викендов.

Поради слабата реализаиција на проектите  се кратат 92 милиони евра од парите наменети за капиталните инвестиции. Тоа се всушност средствата кои  беа  наменети за изградба на гасоводот и новиот клинички центар. Од овие пари најголем дел  или 50 милиони евра одат кај Општините – за да ги покријат долговите.  Дополнително пари ќе добијат Фондот за пензиско и здравствено осигурување и Агенцијата за вработување. Расходите се кратат за  19,5 милиони евра. Но ако има избори вака скроената каса нема да биде изгласана. Тевдовски уверува дека тоа нема да ги доведе во опасност пензиите, но Општините ќе ја изгубат  можноста да ги добијат парите кои ги чекаат.

Поради политичката неизвеснот во земјава се ревидира и стапката на раст на БДП на 2,8 отсто од првично проектираните 3,2 проценти.

Со новото прекројување на државната каса Тевдовски очекува да се реалзираат  80 отсто од предвидените капитални  проекти. Евентуални избори ќе го отежнат носењето на буџетот и за следната година. Но  ако се случи тоа има повеќе опции меѓу кои и времено финанисрање.

Споре допизицијата владата уште во јули требаше да предложи ребаланс на буџетото кога се виде лошата реализиајца на капиталните инвесиции.

За СДСМ во изминатиов период ВМРО ДПМНЕ е главниот кочничар на економија и блокатор на индината на државата на членството на ЕУ и Нато.

Целта на Предлог-ребалансот на Буџетот за 2018 година е да се направат корекции на расходната страна со цел да се зајакнување на Фондот за здравствено осигурување Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Агенцијата за вработување, како и да се обезбеди финансиска поддршка за општините со цел да се намалат долговите на општините, направени токму во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на партијата.