Македонија
18. September 2015 - 17:14

Реализирано уште едно ветување од премиерот за жителите на Жировница

Реализирано уште едно барање на граѓаните. Зградата на старата полициска станица во Жировница, претворена во корисен простор за граѓаните.

При теренската посета на премиерот, едно од барањата на Жителите на Жировница беше рушење на старата и дотраена зграда на полициската станица и нејзино претворање во корисен простор. Премиерот Груевски тогаш разговраше со министерот за внатрешни работи и вети излегување во пресрет на ова барање.

На една од владинте седници беше одлучено зградата да биде доделена на општината Маврово Ростуше која експресно испрати механизација за нејзино рушење.

На овој начин конечно ќе се обезбеди паркинг простор, кој е неопходен за печалбарите кој се присутни во овој рекански крај.