Loading Video...
Фудбал
15. August 2022 - 11:02

Реал стартуваше со победа во новата сезона на Примера

Екипата на Реал Мадрид со победа ја започна новата сезона во шпанската Примера. 

Актуелниот шампион потешко од очекуваното славеше победа гостувањето кај Алмерија 
 
За задоволство на домашната публика Белгиецот, Рамазани уште во 6.минута и донесе предност на Алмерија, која и во продолжението играше отворено, но не успеа да стигна до двор гол. 
 
Така во вториот дел, Лукас во 61.минута го израмни резултатот, а со прекрасниот гол на Давид Алаба од слободен удар во 75.минута Реал направи комплетен резултатски пресврт и со конечни 2:1 го доби мечот. 
 
Во следната рунда Реал гостува во Виго кај Селта.