Фудбал
10. August 2019 - 13:53

Реал му понуди на Нејмар договор тежок 200 милиони евра

Реал му понуди на напаѓачот на ПСЖ, Нејмар петгодишен договор со плата од 40 милиони евра годишно, пренесува „Спорт ес.“.

Во исто време, Бразилецот не брза да склучи договор со нов клуб, бидејќи чека одговор од Барселона, каде би сакал да се врати.

Иако тренерот на каталонскиот тим Ернесто Валверде не го потврди интересот за услугите на Нејмар, играчот се уште калкулира.

Минатата сезона 27-годишниот Бразилец одигра 28 натпревари за ПСЖ, постигна 23 голови и даде оствари 13 асистенции. Парискиот клуб го купи од Барселона во 2017 година за рекордни 222 милиони евра.