Loading Video...
Фудбал
11. August 2022 - 9:20

Реал го освои трофејот во Супер купот на УЕФА

И додека се играат квалификациите за групната фаза во европските купови, Реал Мадрид со трофеј ја започна новата европска сезона 
 
Актуелниот победник во Лигата на шампионите, мадридски Реал Мадрид во освои трофејот во УЕФА Суперкупот. 
 
На натпреварот одигран на стадионот Олимпискиот стадион во Хелсинки, Реал го победи освојувачот на Лигата на Европа германски Ајнтрахт Франкфурт со 2-0
 
Давид Алаба во 37.минута го постигна првиот, а карим Бензема во 65.минита беше стрелец на вториот гол за „кралевите“. 
 
Со овој погодок, Французинот, сега е на второто место на вечната листа на најдобри стрелци. За Бензема ова беше 324 гол во дресот на Реал, со што за еден повеќе го мина легендарниот Раул Гонзалез. 
 
Убедливо прв стрелец на Реал останува Кристојано Роналдо кој во дресот на „кралевите“ има постигнато 450 гола, во деветгодишната кариера на „Сантијаго Бернабеу“.
 
За Реал ова ќе биде пети трофеј во УЕФА Суперкуп, со кој се израмни на вечната листа со лутиот ривал Барселона и италијанскиот гигант Милан