Loading Video...
Фудбал
5. July 2020 - 19:48

Реал го мина и Билбао

Нов триумф за Реал Мадрид во битката за шампионскиот трофеј во Шпанија. Во Германија втора титула за шампионот Баерн кој успеа да триумфира и во националниот куп.  
Важната победа од 1-0 за  Кралскиот клуб ја обезбеди Серхио Рамос од пенал во 73-тата минута откако судиите беа приморани да го прегледаат спорниот фаул.  Ова е 10-ти гол за капитенот на Реал со што се израмни со Фернандо Јеро како најефикасен дефанзивец во шпанската лига.  За Рамос ова е 22-ри пенал без промашување што е најдолга серија во лигата  со што заокружи вкупно 120 голови во кариерата.