Македонија
13. July 2017 - 22:34

Реакција на Општина Аеродром по обвинувањата на СДСМ

-Со денешната прес - конференција, СДСМ уште еднаш ја потврди безидејноста на оваа партија. Постојаното излегување пред јавноста без никакви аргументи е дел од нивното секојдневие. Наместо да се вклучат во создавање на позитивна реалност, тие се занимаваат со негативна кампања, безуспешно обидувајќи се да ја намалат вредноста на сето она што со години наназад е реализирано во општина Аеродром. Уште еднаш прашуваме, зошто претставниците на СДСМ во Аеродром веќе еднаш не соберат храброст и доблест да ги поздрават над 200-те проекти реализирани само во изминатите четири години, од кои и тие самите имаат бенефит како жители на општината? Општина Аеродром е една од најуспешните општини во земјава, па и пошироко, а граѓаните имаат право преку отчет да видат што сè е реализирано во местото каде што живеат, работат и ги растат своите деца. Но, очигледно, само на претставниците на СДСМ, од единствено за нив познати причини, им пречи истакнувањето на логото на Општината и нејзината афирмација, стои во реакцијата на Општина Аеродром.