-->
-->
Реакција на градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски
-->
Реакција на градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски во врска со денешната прес конференција на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска.
Како градоначалник на општина Гази Баба, носител на јавна функција целосно ја поддржувам работата на Државната комисија за спречување на корупцијата и немам никаква намера да се мешам во нивната работа, ниту пак да влијаам на нивните одлуки.
Во интерес на јавноста сакам да известам дека со моето стапување на должноста градоначалник, согласно законскиот рок до антикорупциската комисија се навремено доставени и анкетниот лист и изјавата за интереси, како и дополната на анкетниот лист поради земен кредит и истата е уредно пријавена и архивирана од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Денешната Изјава од страна на Претседателката на државната комисија за спречување на корупција, со која изјавува дека јас сум еден од петтемина градоначалници кои не доставиле ниту Изјава за интереси ниту Анкетен лист е целосно невистинита и очигледно станува збор за технички пропуст на комисијата.
Токму од таа причина поради тоа што јавно на прес конференција беа соопштени информации кои не се вистинити, преку кои бев лично деградиран, а со тоа и општината и функцијата која ја извршувам, барам јавно извинување од страна на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата.
ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Одделение за односи со јавност
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност