Разузнавачки агенции: Кина гради мрежи од компромитирани уреди за кибер-активности

Меѓународните безбедносни служби предупредуваат на зголемен ризик од кибер-шпионажа поврзана со хакерски групи поддржани од Кина, кои користат мрежи од компромитирани уреди, пренесува ДПА.
Во заеднички извештај, организациите меѓу кои се германската Сојузна разузнавачка служба, Националниот центар за кибер-безбедност на Обединетото Кралство и Австралиската дирекција за сигнали, предупредија на опасноста од кибер-криминалци поврзани со Кина и нивната тактика за користење масовни мрежи од компромитирани уреди за насочување на своите кибер-активности“.
Според анализата, хакерите градат специјализирана инфраструктура составена главно од компромитирани крајни уреди и системи за прикривање на сообраќајот. Меѓу таквите уреди се домашни и канцелариски ИТ-системи, паметни уреди и технологии од „Интернетот на нештата“ (IoT), вклучувајќи и поврзани автомобили.
Експертите предупредуваат дека хакерите би можеле да ги искористат податоците добиени од мрежните уреди. Во извештајот се препорачуваат различни заштитни мерки, вклучувајќи и повеќефакторска автентикација за далечински пристап.
МИА
Ново на Сител
-

Ивановски: По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје
-

Сиљановска-Давкова: Кирил и Методиј го изградија темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот
-

Мицкоски ќе се обрати на свечената академија „Од слово до вечност“ во Охрид
-

Трамп тврди дека мировниот договор со Иран е речиси договорен, Техеран демантира дел од изјавите
-

Кои се светите браќа Кирил и Методиј и зошто ги славиме
-

Силни експлозии во Киев по предупредувањето за масовен руски напад со балистички ракети
-

Полска ја активираше воената авијација поради жестоките руски напади врз Украина
-

Приведени 23 лица по немирите во Белград
