Бизнис
27. January 2020 - 19:45

Различни закони различно уредуваат исто прашање - кој е должен да исплати регрес за годишен одмор?

Различни закони различно уредуваат исто прашање - Кој е должен да исплати регрес за годишен одмор -  Агенцијата  за привремени вработувања или фирмата , односно инситуцијата каде што се ангажирани вработените? Отстапените работници  преку Агенцијата го имаат истиот статус како редовно вработените во  државанта институцијата каде  што се ангажирани. Ако редовно вработените не земаат К 15, тогаш не им следува ни на отстапените, пишува во Законот. Но ова не е случај со  25 ангажирани вработени во една државна институција, која К 15 почнува да им исплаќа од 2017 та.  Откако им заврши договорот отстапените вработени ја тужат Агенцијата, која според судска одлука мора да им исплати и за 2015,  2016 та и делумно за 2017 та година. Со оваа одлука сега Агенцијата се соочува со клуч на врата, затоа што мора да плати 27 илјади евра.

Во општината каде што биле ангажирани вработените ни потврдија дека до 2017 та година на вработените не им следувал Регрес за годишен одмор. Во 2017 та склучуваат Колективен договор и од тогаш сите ваботени добиваат К 15, меѓу кои и оние  ангажирани преку Агенциите за времени вработувања., каде општината, заедно со платите на Агенцијата и префрла пари за исплата.