Расте притисокот од конзервативците Џонсон да поднесе оставка
Пратеникот од Конзервативната партија, Ендрју Бриџен за Би-би-си истакна дека британскиот премиер Борис Џонсон „треба да го направи тоа, што требаше да го стори пред извесно време, да поднесе оставка“.
– Ако не го стори тоа, партијата ќе треба да го принуди да се повлече, нагласи Бриџен.
Според него, идеално сценарио е другите членови на кабинетот да поднесат оставка и „да ја разјаснат својата позиција“. Но, ако не дојде до тоа, како што додаде Бриџен, Комитетот 1922 година ќе треба да избере извршен орган, што ќе биде подготвен да ги промени правилата, со што ќе се активира ново гласање за доверба на премиерот.
– Уверено прогнозирам дека Борис Џонсон, на еден или друг начин, ќе биде остранет пред летниот одмор на Парламентот, подвлече пратеникот.
Тој го опиша набљудувањето на помладите министри, кои беа принудени да ја бранат репликата на премиерот во однос на Крис Пинчер, дека не бил на чисто со своето минато, како „капката, што ја прели чашата“.
Бриџен изјави и дека министрите од кабинетот дури сега го сфатиле убедувањето на многумина од пратениците, дека Џонсон е „егзистенцијална закана за Конзервативната партија“.
Ново на Сител
-
Парламентот на Црна Гора ќе расправа за разрешување на владата на Дритан Абазовиќ
-
ВМРО-ДПМНЕ: Се што фатија СДСМ уништија, ВМРО-ДПМНЕ и Пецаков ќе го организираат Охридскиот маратон
-
Санкционирани 204 возачи во Скопје, 53 возачи на мотоцикл
-
Тим на македонската историската комисија: Бугарски историчари шират лажен триумфализам
-
НП „Маврово”: Повредена мечка на потегот Јанче- Ростушки Мост, може да биде агресивна
-
ВМРО-ДПМНЕ: Низа понижувања се одлуките на Комисијата која ги задоволува барањата на Бугарија
-
Повредените во автобуската несреќа ќе бидат префрлени до границата со Србија, возачот останува во притвор
-
Најмалку 13 загинати во смртоносни бури во Европа