Бизнис
13. October 2018 - 19:12

Расте бројот на туристи во Македонија, 12% повеќе од лани

Раст на бројот на туристи во август  за 12 отсто во споредба со истиот месец лани. Зголемување има и кај домашните и кај странските гости. Според статистиката најголем број од гостите престојувале во хотели со четири ѕвезди.

Најчести се оние од Турција. Во август од таму во земјава допатувале  околу 20 илјади посетители. Потоа се туристите од Србија, Бугарија, Романија и Полска.

Според податоците домашните туристи повеќе одат на езеро или планина, а помалку во Скопје. Странските гости пак повеќе доаѓаат да ја видат метрополата,  а кај нив полека расте интересот и за езерските  места.  Ако на почетокот од годинава таму биле присутни околу 7000  странски туристи, во август покрај езерата престојувале околу 40 илјадис странци.

Според статистиката за 15 отсто е зголемен брјот на туристи во периодот јануари август годинава во споредба со истиот период лани.

Надлежните институции  очекувата годинава девизниот прилив од туризам да биде околу 400 милиони евра.